Српскиот пејач Ѓорѓе Давид по сообрќајната несреќа во Македонија во која трагично загина една жена пристигна во Белград и најави прес-конференција.
Ѓорѓе Давид, ја напушти Македонија по сообраќајна несреќа во која налета на жена која се движела по автопат и ја усмрти.
Имено, Давид пристигна во Белград и најави конференција за медиумите на која ќе ги открие сите детали поврзани со сообраќајната несреќа што му се случи.
Според последните информации, прво се судриле два автомобили, „фолксваген поло“ со кумановски регистрации и „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички. Како што се истакнува во соопштението до судирот дошло кога возачот на еден од автомобилите влегол на автопатот во спротивен правец.
„По тој првичен судир од автомобилот излегла сопатничката од возилото со кумановски регистрации и во тој момент на неа налетал автомобил „опел омега“ со српски регистарски таблички. Од ударот жената се здобила со тешки телесни повреди, од кои починала. “, се вели во соопштението на обвинителството.
Како што се додава, издадена е наредба за обдукција на жртвата, но и за преглед на примероци од крв и урина на останатите учесници кои во моментов се хоспитализирани со полесни повреди.
Собрани се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење за прецизно да се утврдат причините за сообраќајната несреќа“, се додава во соопштението, цитирано од „Телеграф“.