Македонскиот актер, шоумен, пејач, Игор Џамбазов одново мета на лажни вести.
На фесјбук-страница било напишано дека починал, па во објавата стои: „почивај во мир легендо“. На ова експресно се јави Џамбазов.
„Македонијо моја. Што се’ немаш ти родено. Понекогаш ми е многу жал за тебе… Жив сум дечки, по обичај. Кога ќе бидам за умирачка, на стори ќе ставам. Без гајле“, напиша Џамбазов.
Во објавеното видео, Џамбазов коментира: „Ќе почекаш малку пријателе. Само што изедов два чизкејка. Тешко дека бргу ќе се умира“.
Ова не е првпат, Џамбазов да биде мета на лажни вести со истава содржина. Тој и претходно жестоко има реагирано, бидејќи ваквите објави го потресуваат како неговото семејство, така пријателите и неговата публика.