СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот брег на Гватемала

Земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот брег на Гватемала во Пацификот доцна синоќа, објавија странските агенции, повикувајќи се на сеизмолошката служба на Гватемала.

Земјотресот го потресе Гватемалскиот регион Ескуинтла, а беше почувствуван и во Ел Салвадор.

Засега нема информации за жртви или материјална штета.

Според германскиот истражувачки центар за геонауки, земјотресот бил со јачина од 6,1 степени,

а неговата длабочина била 119 километри.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде