Ахмети порача: Без да поминете преку мојата, не може да тропнете на другите врати

 Без да поминете преку мојата врата, не може да тропнете на другите врати…

Вака почесниот доктор на науки од Тетовскиот Универзитет и лидер на ДУИ Али Ахмети ги поздрави колегите од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за време на собраниската седница на која се избра третата преодна (техничка) Влада по 2016 година.

„Имавме моменти кога ВМРО имаше значајно барање за нацијата и јас им кажав дека ние сме партнери и без да помине преку мојата врата, не може да тропнете на другите врати, како што сум рекол и на партнерите на СДСМ – јас сум партнерот и ги гледам интересите на државата“, кажа Ахмети.

Го пофали Охридскиот рамковен договор, се присети кога УЧК војуваше и додаде: „Тој договор нѐ направи господари во нашата куќа“

„Во 2001 година бевме на различни страни, дали тогаш беше подобро, кога вие ме бркавте мене со државата или кога 22 години сме дел од ова Собрание и носиме одлуки за закони и реформи и како државата да ја зачлениме во ЕУ?

Мојата држава, вашата, дали беше подобро тогаш во неа, кога јас бев следен со мојата генерација како непријател, терорист или денеска функционираме заедно и управуваме заеднички во нашиот дом? Зошто вие двајца ме поттикнавте? Зошто ме вративте 22 години назад“, додаде Ахмети.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде