Младо момче (19) загина откако со својот автомобил удрил во препрека покрај патот: Страотна сообраќајна несреќа кај Нови Сад

Утринава околу 1 часот по полноќ се случила тешка сообраќајна несреќа кај Нови Сад.

Како што пренесуваат српските медиуми, младиот Р.Б. (19) од Шајкаш се движел со својот автомобил „фиат“ кога во еден момент изгубил контрола над возилото и удрил во пречка покрај патот.

Младото момче починало на лице место, а како што пренесуваат тамошните медиуми тој бил сам во автомобилот.

Од ПУ Нови Сад потврдија дека се случила оваа несреќа, но засега не можат да кажат повеќе детали.

Полицијата изврши увид на лице место, а повеќе детали ќе бидат познати по истрагата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде