Собранието со 65 гласа „за“ и тројца „против“ ја изгласа техничката влада предводена од Талат Џафери. На седница присуствуваа 111 пратеници.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се воздржаа од гласање на техничката влада.
Меѓу тие кои не гласаа ЗА се наоѓа и пратеник од коалицијата на СДСМ.
Станува збор за Мирослав Јовановиќ, член на српската партија ССМ во Македонија.
На почетокот на седницата тој се наоѓаше во собраниската сала, но пред гласањето ја напушти.