Се појави видео: Министерот од ДПМНЕ, Тошковски се ракуваше со новиот премиер Џафери

На денешната собраниска седница, каде за премиер беше избран поранешниот командант на УЧК, Талат Џафери, изостана гласањето од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Зад кулоарите, се појави снимка каде новиот министер на МВР, Панче Тошковски, се ракува со неговиот премиер Талат Џафери и со останатите министри од техничката Влада.

Џафери денес беше избран со 65 гласа “За” и 3 гласа “против”. Двајцата пратеници од Левица гласаа против изборот на Талат Џафери, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ воопшто не гласаа.

Новиот министер на МВР Панче Тошковски претходно го следеше скандал дека бил ангажиран како адвокат на ЕЛЕМ, додека директор на ова претпријатие бил Христијан Мицкоски.

За Ташковски во јавноста излегоа информации дека е кум на пратеникот Игор Јанушев. Тошковски нема никакво искуство во МВР и доаѓа како претседател на Правната комисија во ВМРО-ДПМНЕ.

Тошковски се јавува и како личен адвокат на Христијан Мицкоски, каде Левица објави дека добиле тужба за клевета од Мицкоски, токму преку адвокатот Панче Тошковски.

Денес министрите на ВМРО-ДПМНЕ изостанаа на заедничката слика од новата влада, за што Џафери изјави дека „пред камери е едно, а кога се работи е друго.”

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде