Скандал ја тресе украинската армија: Откриена голема измама

Украинската служба за безбедност соопшти дека открила корупциска шема во украинската армија при купување оружје во вкупна вредност од околу 40 милиони долари.

Голема измама во текот на воените набавки која е потврдена и во украинското Министерство за одбрана ќе има големо влијание во земјата која се бори со руската инвазија која трае веќе две години, пренесува Ројтерс.

СБУ објави дека истрагата „ги разоткрила службениците на Министерството за одбрана на Украина и менаџерите на добавувачот на оружје Лавов Арсенал, кои присвоиле речиси 1,5 милијарди гривни во процесот на купување артилериска муниција“.

„Според наодите од истрагата, во проневерата се вмешани поранешни и сегашни високи функционери на Министерството за одбрана и раководители на поврзани компании“, се вели во соопштението.

Од „SBU“ изјавија дека во август 2022 година, компанијата Лавов Арсенал склучила договор за набавка на 100.000 минофрлачки гранати и дека исплатата била однапред извршена, а дел од средствата биле префрлени во странство.

Гранатите, меѓутоа, никогаш не биле доставени, а другиот дел од средствата потоа бил префрлен на други сметки во странство.

Борбата за искоренување на ендемската корупција останува главен проблем додека Украина се обидува да обезбеди членство во Европската унија, според Ројтерс.

Извор: Б92.нет

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде