Важна информација за сите кои патуваат: Еве каде утрово има врнежи од снег

 Времето денеска ќе биде променливо облачно и постудено, а на планините и на некои од повисоките места претежно во северните делови од земјата ќе провејува слаб снег. 

Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец со брзина од над 60 километри на час.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 10 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно суви коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Ѓавато.

Сите патни правци во државата се проодни, информира ЈП „Македонијапат“. Оттаму нагласуваат дека е можна појава на поситни одрони на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде