Игор Пехчевски на фејсбук објави дека по долга и макотрпна борба конечно го добил лекот Трикафта.
„Денеска почнувам со примање на долго очекуваниот и РЕВОЛУЦИОНЕРЕН лек ТРИКАФТА кој за мене ЖИВОТ значи!
Пресреќен сум за тоа што Макотрпната и долга борба конечно вроди со плод. Мојот сон стана реалност.
Дојде и тој денот кога ЦФ почнува да значи ЦЕЛОСНО ФУНКЦИОНАЛНИ наместо Цистична фиброза.
Им посакувам на моите соборци што поскоро СИТЕ да го добијат лекот!“, напиша Пехчевски на Фејсбук.