Станува збор за приватен разговор кој бил снимен од партнерката на обвинетиот татко и презентиран во фаза на судска истрага во негова одбрана. Иако се работи за снимка која е креирана незаконски, судот одлучил да ја почитува.
На таа снимка малолетната ќерка открива дека тоа што му го кажала на психологот не е точно.
Според информациите, девојчето првично му кажало на психологот дека имало сексуални дејствија меѓу неа и нејзиниот татко, врз основа на кои поранешната сопруга го тужела таткото, пренесува Прототема.
Судот одлучил да ја прифати приложената аудио снимка иако е незаконски направена.
„Снимката од устен разговор на трети лица која не е јавна не може да се користи во кривична постапка.
Но, по исклучок од правилото, имајќи ја предвид сериозноста на делото во оваа кривична постапка – злоупотреба на малолетно лице кое нема наполнети 12 години – за што според законот затворската казна во времетраење од најмалку 10 години е соодветно и неопходно средство за докажување на невиност“, соопшти судот за прекршоци во Солун.
Судот потоа одлучил да го ослободи обвинетиот.