Инфективната клиника има нов директор, потврдуваат од Министерството за здравство за МИА. На местото на досегашната директорка д-р Милена Стевановиќ за нов директор е назначен д-р Фадил Цана, инфектолог на клиниката.
Засега нема официјални информации зошто е сменета Стевановиќ, кадар од редовите на СДСМ, која раководеше со клиниката седум години, опфаќајќи го и периодот на пандемијата со Ковид – 19.
Цана е кадар од Алијанса за Албанците. Тој ја извршуваше функцијата претседател на УО на Фондот за здравство, а неговото име се споменуваше и за министеркото место.
Денеска од клиниката за инфективни болести потврдија дека починала 20-годишна девојка како последица на грип.
Ова е седми смртен случај како последица од грип оваа сезона.