Дваесет и три години по трагичното загинување на Сашко Соколов, во воениот конфликт во кој ОНА ги нападна македонските безбедносни сили, семејството се уште нема добиено обештетување.
Тие и уште десетина семејства на македонски бранители се уште чекаат надомест за изгубениот животот на најблиските.
Родителите на Сашко, се уште носат црно, велат нивниот син ќе остане непреболен и ниедни пари нема да им ја намалат тагата ниту ќе им го вратат детето, но барем ќе им помогнат во растењето и школувањето на внучињата од другиот син, кој исто така е полицаец.
Лилјана и Мирко низ солзи раскажуваат како го изгубиле синот, сеќавањата се свежи како да не поминале 23 години. Сашко Николов загинал од терористички истрел на пунктот кај стадионот во Тетово, а на тодителите никој не им соопштил лично за трагедијата, за смртта на Сашко дознале од телевизија, а тоа ги прогонува и до денеска.
Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов апелира до пратеничката група на СДСМ да гласаат за донесување на предлог законот со кој ќе се обесштетат досега необесштетените бранители од 2001 година и семејствата на загинатите бранители.
На крајот на ноември минатата година, Достоинство поднесе иницијатива со Предлог закон за измена и дополнување на постоечкиот Закон за бранители, со кој треба да се обезбеди обесштетување на 10-тина воени инвалиди и 15-тина семејства на загинатите бранители кои се’ уште се необесштетени, потсетува Ангелов.
– Како што ќе гласате поранешниот УЧК-овец Џафери да стане премиер, соберете храброст и гласајте за бранителите, порача Ангелов.
Претходно Ангелов побара владата предводена од Ковачевски со одлука да ги обесштети семејствата на бранителите, како што беше случајот со „Диво насеље“.