Тажна вест утрово го потресе регионот: Почина познатиот српски музичар

Еден од најдобрите бас гитаристи на српскиот рокенрол, Милош Стојисављевиќ-Цајгер, кој во последните години беше најприсутен како член на групата„Генерација 5“,

но во текот на својата богата кариера соработуваше со многу големи бендови и изведувачи на српската рок-сцена, ја загуби битката со тешката болест.

Музичарот го добил прекарот Цајгер поради неговата прецизност и брзина во свирењето и затоа бил омилен меѓу колегите.

Милош Стојисављевиќ-Цајгер беше и директор на компанијата „Књаз Милош“, а на социјалните мрежи од него се простуваат бројни пријатели.

„Замина засекогаш мојот пријател и басист на бендот„Генерација 5“, Милош Стојисављевиќ-Цајгер, но спомените и сеќавањата остануваат“, „Спиј мирно Цајо, нека те чуваат ангелите“… се само дел од пораките од неговата неутешни пријатели.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде