Албанец претседател на Македонија? – еве што одговори Ахмети на тоа

Денеска во Приштина не биле само Африм Гаши, Изет Меџити, Билал Касами и Арбен Таравари, туку и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Додека опозициските лидери и лидерот на Алијанса за Албанците беа на средба со косовскиот премиер и со претседателот на косовскиот парламент, лидерот на ДУИ имал интервју за Радио Телевизија Косово-РТК.

И веднаш дал коментар за средбите на Гаши, Меџити, Касами и Таравари со Албин Курти.

– Сметам дека е рано за Албанец претседател на Македонија – рече Ахмети давајќи коментар по соопштението од Кабинетот на косовскиот премиер Албин Курти кој кажал дека на средбата со Гаши, Меџити, Касами и Таравари, меѓу другото, станало збор и за идејата за заеднички нивен кандидат за претседателските избори во Македонија, пренесе МКД.

Ахмети во речиси едночасовното интервју зборувал за, како што нагласи, историскиот исчекор на Албанците во Македонија кои го добија првиот премиер Албанец, Талат Џафери.

Притоа нагласил дека тоа се должи на правилната политика на ДУИ во македонскиот политички систем и на политиката „чекор по чекор“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде