Драма во Србија: Мортус пијан Македонец направил две сообраќајки, удрил и во полициско возило

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Јагодина му одредиле притвор на 24-годишен државјанин на Македонија,

кој вчера возејќи „тојота“ предизвикал две сообраќајни незгоди, а во крвта имал 2,52 промили алкохол.

Се сомничи дека прво удрил во паркирана „шкода“ сопственост на 73-годишна жена, а потоа пред сообраќајната полициска станица удрил во полициско возило кое тргнало на увид по пријава од сопственикот на „шкодата “, известија од Полициската управа во Јагодина.

Алкотестот открил дека тој возел со 2,52 промили алкохол во неговиот систем.

Против возачот ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава, јавува Телеграф.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде