Не пропуштајте: Интервју со адвокатот на Палчо во Центар на Васко Ефтов

Гостин во емисијата Во Центар на Васко Ефтов беше адвокатот на Љупчо Палески, Ристе Недев.

Јоци преку фејсбук пост изнесе некои од клучните поени во емисијата. Видеото на крајот од текстот.

В.Ефтов: ▪︎ Дали некогаш сте ја виделе мајката на Вања кај Љ.Палевски?

Р.Недев, адвокат на Палевски: ▪︎Мислам не!

Ефтов пак: ▪︎ Сигурно?

Недев: ▪︎ Можеби и да сум ја видел, не знам.

Ефтов го праша и дали мисли дека тој стан кај Фонтана бил подарен од Палевски на дедото на Вања како возврат за услуга [👉дедото е екс директор на Царина во време на Бучко], по што одговорот беше дека мисли – да.⚠️ ГЛАВНИ ПОЕНТИ на емисијата која треба да ја изгледате затоа што СДСМ го намали скроз тонот на двете убиствата, на #Вања и #Панче, и речиси 3 месеца не знаеме никакви нови детали.

Од раскажаното подоле, можеби ќе ви се разјасни зошто тоа е така, зошто СДСМ молчи.

▪︎Гостин е адвокат на #Палевски, кој му ги легализирал дивоградбите на ул.Железничка и Пиринска.

▪︎Но, бил и застапник во процесот кога #Сања#Лукаревска и Даниела Марковска од #УЈП, во 2017 во време на СДСМ, му отпишуваат застарен долг на Палевски од 3️⃣0️⃣0️⃣0️⃣0️⃣0️⃣ евра.

Секако, тука улога има и Никола Груевски кој дозволил 10 год. тој долг да застари, а СДСМ широкоградо го дочекува моментот на застарување иако имаат влада во јуни 2017 и можеле да наплатат.

По ред:

Она кое и јас го пишував, Љ.Палевски има поткровје [имал и посебен лифт] во истата зграда кај Фонтана, каде живееја Вања, сестра и` и мајката – на Н.Н.Борче.

[Не беше споменато дека тој има простории и на приземје, но според имотниот лист – има и се водат на неговата фирма УПА]

Адвокатот раскажува како Палевски постојано на маса во канцеларија имал ПИШТОЛ, а Ефтов го опишува како ,,психотичен” со ,,СЕРИОЗНИ АМПЛИТУДИ во расположението – еуфорија, депресија, агресија”.

И додава дека личел како да е ,,ПОД НЕКАКВО ДЕЈСТВО И НАПОН”.

Адвокатот раскажува дека кога отишол во УЈП кај Даниела Марковска од СДСМ за долгот од 300.000 евра бил пречекан со зборовите: ,,А, да….еве го нашиот ДРУЖЕ Палчо”.

[Палевски е претседател на Градската организација на СДСМ во време бучково]

Адвокатот заклучува дека токму неговата МАТИЧНА ПАРТИЈА СДСМ го чисти Палевски во 2017 од најголемите долгови кон државата, но и му легализира делови во згради изградени дури и пред 25 години.

▪︎ Во едната зграда, онаа на ул. Железничка, #легализиран_стан има пратеничката на СДСМ, #Снежана#Калевска#Ванчева. [👉позната и по тоа дека нејзиното адвокатско друштво каде е сопственичка, доби околу 48.000 евра од ,,Водовод” во време на Шилегов]

Во просториите кај Момин Поток, каде му била и котларата, живеел со некој психијатар⁉️ [овој дел ни јас не го сфатив добро]

Во 2001 учествувал во носењето на А.Ахмети во Македонија, а има л.карта која се води во Тетово каде му беше и печатницата пред 20 год. Има и неколку државјанства.

МОЈ ЗАКЛУЧОК:

️Палевски е лик произведен од СДСМ, поточно од подрумите на тајните, заостанати остатоци од екс ју удбашки служби кои и ден-денеска имаат пипци, за одработување на највалканите нешта во светот на мафијашкото градежништво и политиката, во изминати 25 години. ❗️Градел на диво каде стасал и кога сакал во време на СДСМ, должел кому стаса милиони евра и никој не му ги наплатувал, иако имал имоти, а очигледно и убивал долги години без да одговара.

❗️️Освен што е психопат, садист и убиец, имал и забрана за приближување на неговата ќерка, поради семејно насилство, која пак поради тоа – долги години живеела со нејзината баба во с.Глуво.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде