Нови потресни снимки од страшната сообраќајка кај Битола

42-годишен битолчанец загина, а 20-ина патници се повредени во тешката сообраќајна несреќа што попладнето се случи на регионалниот патен правец Битола-Демир Хисар..

Според информации на СВР Битола, околу 15 часот се судриле автомобил пежо и комбе, кое пренесувало 18 работници од битолска фабрика.. На самото место загинал совозачот на автомобилот со битолски регистерски ознаки..

Од Основното јавно обвинителство Битола информираат дека се издаден наредби за проверка на крв и урина на возачите..

Сите 18 патници од комбето и возачот на комбето, како и возачот на патничкото моторно возило се пренесени во Клиничка болница Битола за санирање на повредите..

Од болницата за Канал 5 велат дека сите повредени се надвор од животна опасност.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде