Познати нови детали: Едно лице го загуби животот, а дваесеттина лица се повредени во тешка сообраќајка

Едно лице го загуби животот, а дваесеттина лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случила на регионалниот патен правец Битола-Демир Хисар.

Според првичните информации до кои дојде дописникот на МИА од Битола, станува збор за судир меѓу патничко моторно возило и автобус на компанија која превезувала работници од Битола кон населените места во Демир Хисар.

Во директниот сообраќаен судир меѓу патничкото моторно возило и автобусот на излезот од Битола,

на местото на сообраќајката загинал возачот на патничкото моторно зозило, тешко е повреден совозачот, а повредени се и патниците во автобусот.

Се очекува СВР Битола да излезе со официјално соопштение за тешката сообраќајна несреќа во Битола.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде