На многу места во источна Турција се формираше снежна покривка со висина од десет метри, јавува денеска турската приватна телевизија НТВ.
Снежните врнежи и виулиците во источна Анадолија го отстапија местото на силниот студ во последните денови, а ноќните температури се приближија до минус 30 степени.
Најниската измерена температура беше од областа Ардахан, каде во локалниот град Чајлдер живата на термометрите покажа 31 степен под нулата.
Поради студеното време на патиштата во околината има голомразица. Во областа Агра температурата достигна минус 23 степени.
Во Хакјари снежните наноси од десет метри целосно ги затрупаа еднокатните згради и земјоделските објекти во некои села.
Поради лавина затворен е патот меѓу градовите Чукурџа и Јуксекова.