„Последен поздрав до мојот пријател. Конечно, ќе се одморите од злите луѓе“ – почина познатиот пејач од „Никогаш не е доцна“

Taжната вест ја споделија пријателите на Фејсбук

Миодраг Мијо Бабаљ, пејач и поранешен натпреварувач на музичкото шоу „Никогаш не е доцна“, почина на 64-годишна возраст.

Веста за неговата смрт беше објавена на социјалната мрежа Фејсбук, а многумина се простуваат од него со трогателни пораки.

– Пријателе, нека те чуваат ангелите. Беше чест да свирам зад тебе и да бидам во бендот со тебе. Научив многу работи во оваа работа од тебе. Ти благодарам за се – истакна поранешниот учесник Игор Тадиќ.

– Последен поздрав до мојот пријател. Конечно, ќе се одморите од злите луѓе. Ми беше чест да те познавам и да ги споделам со тебе кафанските денови.

Искрено сочувство до семејството – напишал еден од неговите пријатели, пренесува Гранд.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде