Пензиите овој месец ќе бидат исплатени во четврток на 1-ви февруари во редовниот рок.
За два месеци се очекува и нивно зголемување, за колку, засега не се знае.
Зголемување на пензиите се врши системски два пати годишно и тоа во март и септември.
Соопштение на ХАЛК БАНКА:
Почитувани пензионери, клиенти на Халкбанк АД Скопје, ве известуваме дека исплатата на пензиите на вашите платежни сметки се изврши денес 31.01.2024 и средствата Ви се на располагање во сите Филијали на Халкбанк АД Скопје, преку банкоматите, ПОС терминалите кај трговците и преку употребата на електронско и мобилно банкарство.
Исплатата може да се изврши и на шалтерите во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија / Posta e Maqedonisë së Veriut само за клиентите кои имаат дадено согласност за исплата преку пошта.