Утрово тензии во Исламската верска заедница во Тетово: Двајца муфтии завршија во полиција!

Група луѓе останува на улицата пред седиштето на Исламската верска заедница во Тетово, откако изутрината дошло до тензии.

Како што јавува ТВ21, муфтијата избран од Исламската верска заедница Селвер Џемаили се обидел да влезе во зградата на Муфтиството,

но, наишол на отпор од некои луѓе приврзаници на поранешниот муфтија Ќани Несими.

И двајцата муфтии моментално се во полиција, додека група луѓе продолжуваат да стојат пред зградата на муфтијата на Тетово, каде има и присуство на полициски сили.

Исламската верска заедница пред една недела го разреши муфтијата на Тетово, Ќани Несим, кој се противи на смената и поднесе тужба, со образложение дека е незаконски сменет.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде