Ќерката на убиениот Саша објави трогателна фотографија: Со емотивни зборови се прости од својот татко

Ќерката од првиот брак на убиениот Саша К.од Добој со трогателна фотографија на Инстаграм се прости од својот татко.

Таа на споменатата социјална мрежа објави фотографија на која е како мало девојче во прегратките на нејзините родители.

„Не напушти на најлош начин… Како што никој не заслужува… Ќе те паметиме по тоа што си НАЈДОБАР И НАЈЈАК… Никогаш нема да бидеш заборавен“, напиша таа.

Потсетуваме, телото на Саша К., беше пронајдено во шума во излетничкото место Преслица во Добој.

Бил врзан за дрво, а устата и очите му биле залепени со селотејп.

За бруталното убиство уапсени се неговата сопруга и маж за кој се сомневаат дека се во врска со неа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде