Цаки си замина од Македонија, па се пофали како ужива.
Сашо Нојкиќ во јавноста е познат како Цаки Кисми, поради групата „Кисми“ од која е дел долги години.
Многумина го нарекуваат кралот на кафеаните.
Зад себе има многубројни хитови, а освен во Македонија, редовно настапува и кај дијаспората.
Неуморно работи скоро 3 децении и секогаш е еден од најдобрите и најбараните пејачи.
Цаки е еден од ретките кои умеат да направат забава за сечиј мерак.
Кисми навистина имаат добро чувство кога станува збор за одбирање хит и секогаш им успева.
Единствена пауза која ја направил во својата кариера е за време на пандемијата.
За медиумите изјави дека седењето дома добро му дошло и дека максимално се посветил на семејството.
Но, на радост на фановите тој повторно се врати на сцената и неуморно работи.
Скоро секоја година Цаки оди на турнеја во Австралија.
Публиката таму го обожава, па после Нова година пејачот повторно замина таму.
Активен е на Фејсбук, па сподели фотографии и покажа дека освен на печалба, отиден е и на одмор и уживање.
Во Австралија сега е лето, па пејачот и неговите соработници одлучија да уживаат на плажа.
Извор: Гламур