Вечерва земјотрес стресе делови од Македонија

Вечерва е регистриран земјотрес во Македонија.

Според првичните информации, епицентарот е во близина на Охрид. Јачината е 2,2 степени по Рихтер.

Сеизмолозите смируваат дека нема место за паника, станува збор за редовна сеизмичка активност.

Да потсетиме, земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот дел на Австрија. Земјотресот се случил во областа меѓу Грац и Виена во 2 часот и 59 минути, а епицентарот бил на длабочина од 10 километри.

Земјотресот бил почувствуван во Австрија, Чешка и Словенија, но пријавиле и некои од Хрватска, од Загорје и Загреб.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде