Висината на посмртната помош за пензионерите порасна за 5.000 денари

Висината на посмртната помош за пензионерите од 1 јануари годинава изнесува 35.000 денари и е повисока за 5.000 денари,

а висината на задршката за солидарниот фонд е намалена од 150 на 140 денари, објави на својата веб страна Сојузот на здружението на пензионерите, пишува Економски.

Овој износ ќе го добиваат семејствата на починатите пензионери од јануари до 30 јуни, а е резултат на одлуката за времено определување на висината на задршката за солидарен фонд – посмртна помош, членарина и висината на исплатата на посмртна помош на здружението на пензионери.

Таа е донесена на крајот на 2023 година, а е објавена во Службен весник на 27 декември лани.

Во овој шестмесечен период, според одлуката, од пензиите ќе се одвојуваат по 140 денари за солидарниот фонд што е помалку за 10 денари од претходниот износ.

За членување во здружение на пензионерите ќе се плаќа исто како и досега – 30 денари.

Со одлуката се определува и дека висината на чланарината во здруженијата на пензионери ќе изнесува 30 денари.

Лани посмртнината изнесуваше 30.000 денари.

Според податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување лани во солидарниот фонд се слеале 115.150.320 денари (1, 87 милиони евра), а се исплатени 463.160.000 денари (7,5 милиони евра) за 15.439 починати пензионери.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде