Ќерката од првиот брак на убиениот Саша К.од Добој со трогателна фотографија на Инстаграм се прости од својот татко.
Таа на споменатата социјална мрежа објави фотографија на која е како мало девојче во прегратките на нејзините родители.
„Не напушти на најлош начин… Како што никој не заслужува… Ќе те паметиме по тоа што си НАЈДОБАР И НАЈЈАК… Никогаш нема да бидеш заборавен“, напиша таа.
Потсетуваме, телото на Саша К., беше пронајдено во шума во излетничкото место Преслица во Добој.
Бил врзан за дрво, а устата и очите му биле залепени со селотејп.
За бруталното убиство уапсени се неговата сопруга и маж за кој се сомневаат дека се во врска со неа.