Апсења низ повеќе градови во Македонија

Во текот на вчерашниот ден МВР изврши апсење на повеќе локации каде беа приведени повеќемина лица.

– Во Тетово,во 16:40 часот  полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Ј.(24) од с.Голема Речица, тетовско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

– Во 18.15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Р.А.(48) и С.А.(45), двајцата од Куманово.

При извршен претрес кај овие лице биле пронајдени кафеава прашкаста материја, бела грутчеста материја и други предмети.

– Во 18.30 часот на ул.„Паца Ванчова” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода П.Ж.(18), Ф.П.(20) и Б.К.(18), сите од Битола. При преглед кај нив, кај П.Ж. била пронајдена и одземена марихуана.

За сите овие случаи од МВР велат дека по целосното документирање против инволвираните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде