„Денес, срцето ми е тешко додека се збогувам со жената која ме научи на вистинското значење на љубовта…“: Голема тага во домот на познатиот македонски пејач

Познатиот македонски музичар Никола Перевски Пере ја загуби мајка си.

Вчеравечер преку својот профил на Фејсбук Пере објави дека почина жената од која научил што значи вистинска љубов и преку своето обраќање сакаше јавно да го сподели своето последно збогум со мајка му.

-Денес, срцето ми е тешко додека се збогувам со жената која ме научи на вистинското значење на љубовта.

Мамо, додека не се сретнеме повторно, го носам твоето срце во моето, секогаш и засекогаш.

Слава ти…
Твојот син Никола со семејството, напиша Пере кој објави заедничка фотографија од деновите кои заедно со спомените ќе останат засекогаш.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде