Мајка од Струмица осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Основното јавно обвинителство Струмица донесе наредба за спроведување истражна постапка против мајка осомничена за кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.

Осомничената, како што соопшти денеска Јавното обвинителство, иако била должна да ја издржува и да се грижи за животот и здравјето на нејзината четиригодишна ќерка,

грубо ја запоставила својата родителска должност за грижа и воспитување, ја запуштила и дозволила детето да се оддаде на питачење, што штетно влијаело на неговиот развој, здравје и лична безбедност.

Поради тоа настапило тешко нарушување на здравјето на детето, кое во тешка здравствена состојба на 17 јануари годинава било најпрво примено во ЈЗУ Општа болница Струмица, а потоа хоспитализирано на Клиниката за детски болести во Скопје.

-Надлежниот јавен обвинител продолжува да постапува и го очекува вештиот наод од Институтот за судска медицина во поглед на причините за настанатите повреди кај девојчето.

По барање на јавниот обвинител, Центарот за социјални работи постапи согласно своите надлежности за обезбедување заштита на другите три деца од семејството, се наведува во соопштението. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде