Од март ново зголемување на минималната плата. 22.500 денари е добра вест за граѓаните, но товар за стопанството.
Со оглед на последните информации од УЈП дека голем број од компаниите не можат да исплатат ниту ноемвриска плата, ова ќе биде уште еден удар.
Оваа одлука е дел од социјалниот дијалог помеѓу владата, работодавачите и синдикатите, кои постојано бараат начини и се обидуваат да ја подобрат положбата на работниците со најниски приходи.
За да можеме реално да ги покачиме платите и да не биде тоа само во номинален, туку и во апсолутен износ затоа што ако растат трошоците исто така како што растат платите, куповната моќ не се зголемува туку останува иста, а може да се каже и помала.
За да има вистински ефект од зголемувањето на платите ние мора да создадеме поголема вредност, односно да го зголемиме нашиот бруто домашен производ, вели во разговор за МРТ, Гоце Симов, потпретседател на ССК.
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска изјави дека зголемување на минималната плата од март годинава е поддржано од Организацијата на работодавачи, а за мал дел од работодавачите кои не ќе може да ја исплатат платата, ќе бидат помогнати со Законот за субвенционирање за зголемување на плати, којшто дава можност за ослободување од плаќање придонеси.
Пред неколку дена имавме Економско – социјален совет, разговаравме за оперативниот план за вработување, за мерките и програмите за 2024 година.
Тоа ни е обврска да го разговараме со Економско – социјалниот совет, каде што се и работодавачите и синдикатите за да можеме понатаму да ја продолжиме процедурата и понатаму да го усвоиме на Влада.
Го усвоивме и во точките на дневен ред разговаравме и за покачувањето на минималната плата сега во март месец со исплатата на платата во март месец.