Тешка сообраќајна несреќа, четири лица итно пренесени во болница

Полицијата извести дека вчера во 18.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Перо Наков“ се

случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „опел мерива“ управувано од Љ.К.(39) од Скопје и возило „хонда“ управувано од В.Б.(42) од Скопје.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Б., додека со телесни повреди се здобиле А.Т.Б (38) и двајца малолетници, сите од Скопје,

сопатници во нејзиното возило, констатирани во градската општа болница „Св.Наум Охридски“ – извести МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде