Уште едно 14-годишно девојче пријавено за исчезнато

Вчера во Полициската станица Ѓорче Петров, И.Т.(42) од Скопје пријавила дека дома се вратила нејзината ќерка Ј.Т.(14), за која на 01.02.2024 беше пријавено дека се оддалечила од домот.

Претходно беше пријавено дека полициски службеници од СВР Скопје вчера ја пронајдоа Р.М. (14) од Скопје, за која нејзиниот татко С.М. на први февруари 2024 година пријавил дека се оддалечила од домот.

Како што соопшти МВР, малолетничката ќе биде предадена на нејзиниот татко.

И двете девојчиња од Скопско беа пријавени од нивните семејства дека се оддалечиле од домот.

Во првиот случај, во 16.00 часот во Полициската станица Гази Баба, С.М.(48) од с.Сингелиќ, скопско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Р.М. (14), за која се сомнева дека е со машко лице.

Во 21.15 часот, пак, во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Т.(48) од с. Волково, скопско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Ј.Т.(14), која и претходно се оддалечувала и била враќана, а има и здравствени проблеми.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде