Ќе ја паметиме по улогите во сериите кои ги гледаше цела Македонија: Почина познатата актерка

Една од најпочитуваните мексикански актерки, Хелена Рохо, почина вчера на 80-годишна возраст во својот дом во Мексико Сити. Според странските медиуми, причина за смртта на дивата на мексиканските сапуници е рак на црниот дроб.

Хелена Рохо ќе остане запаметена како незаборавната Лусијана Дувал од серијата „Право на љубов“, а ја гледавме и во сериите „Прегрни ме цврсто“, „Невина“, „Перегрина“, „Злобници“ и „Напуштениот ангел“. 

Хелена соработуваше и со истакнати мексикански режисери и постигна забележителни улоги на филмското платно. Работеше и со германскиот режисер Вернер Херцог и со актерот Клаус Кински во филмот „Агире, гнев Божји“ (Aguirre, Wrath of God).

Таа, исто така, се појави во „Фокстрот“ (1976), во режија на Артур Рипштајн, заедно со актерите Шарлот Рамплинг, Питер О’Тул и Макс фон Сидов.

Хелена во 2006 година се појави во американската серија „Грдата Бети“ (Ugly Betty), каде глумеше мајка која се обидува да го оттргне својот син од маќеата која го гледа во „лажна“ теленовела.

Нејзината последна улога беше во теленовелата на Телемундо „Гроф“, која сè уште не е прикажана.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде