Последна информација од големиот пожар вечерва во скопско

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски на својот Фејсбук профил сподели информација и фотографии од пожарот кој во моментов беснее на ридот над Кондово.

„Информиран сум за пожарот кој во моментов се уште беснее на ридот над Кондово, односно на пределот кон с. Рашче.


Сите надлежни институции се навремено информирани и ситуацијата е под контрола.

Будно ја следиме ситуацијата и доколку е потребно, веднаш дополнително ќе се интервенира.

Апелирам за смиреност помеѓу жителите на Ѓорче Петров, се со цел да не се создава непотребна паника кај населението“, пишува Стојкоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде