Се огласи Славчо Попоски: Ќе се соочуваме со се поголеми студови и снегови

Фејсбук пост на Славчо Попоски:

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ:

Една кратка анализа околу моменталните случувања со времето и временските (не) прилики во Македонија, зошто имаме вакво невообичаено топло време во февруари (во срцето на зимата),

се работи поради метеоролошкиот феномнен “Ел Нињо”, и истиот ни носи потопло време со натпросечно високи температури на воздухот, затоа и временските непогоди изминатото лето во Македонија беа значително почести и поголеми,

но тоа не значи дека студеното време нема да се врати оваа зима, тоа сигурно ќе се врати, а со него и снегот (според моменталните наблудувања и анализи некаде околу, или по средината на овој месец)

а веднаш по 10 февруари влегуваме во влажен, нестабилен и циклонален период со почести врнежи и засилен ветер.

Некаде на почетокот на есента ќе навлеземе во студениот метеоролошки феномен “Ла Ниња” па така наредната, а и зимите по наредната зима ќе се соочуваме со се поголеми студови и снегови

(тоа значи дека зимите сепак како некои што најавуваат нема да исчезнат и нема да станеме Сахара)!

На крајот останува вие како ќе го сватете сево ова!!!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде