„Ти си нашиот херој кој се бореше до последен здив“, беа зборовите со кои семејството се прости од Василиј (5), кој денеска почина како последица на тешко боледување.
Почина Василије Димиќ од Краљево и покрај хуманитарната акција во која Србија и целиот регион собра пари за лекување. Семејството се прости од малиот херој со потресна објава на Фејсбук.
„Ти беше и ќе останеш наша душа, наш ангел чувар, ќе те чуваме во нашите срца до последниот здив, затоа што ти си нашиот херој кој се бореше до последниот здив… Засекогаш во нашите срца, твоите најсакани“.
Василије, да потсетиме, до февруари минатата година беше здраво дете кое си играше со своите врсници и имаше интереси како и сите деца на таа возраст, додека неговите наставнички не забележаа дека по спиењето тој повеќе не може сам да се облекува, ниту да јаде.
Родителите веднаш реагирале и го однеле на лекар, а потоа биле испратени во Крагуевац каде било откриено дека детето има тумор на мозокот.
Момчето било префрлено во Белград, каде лекарите му извршиле операција, но не им било дозволено да одат понатаму бидејќи Василије нема да преживее.