Полицијата на нозе: Исчезна 13-годишно момче

Уште едно исчезнување на дете пријавено во полицијата.

На 05.02.2023 во 13.00 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник И.И.(13).

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Да потсетиме, вчера беше пријавено уште едно исчезнување на дете.

На 05.02.2024 во 15.45 часот во Полициската станица Кочани, социјална работничка во Центарот за социјални работи Кочани пријавила дека

од домот на нејзиното згрижувачко семејство се оддалечила Ј.А.(12), која и претходно се оддалечувала и била пронаоѓана и враќана.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде