Последна вест: Алармантна e состојбата со голема кашлица во Македонија

Од вчера до денес уште два случаи на голема кашлица во Скопје. Состојбата алармантна, утре ќе заседава Комисијата за заразни болести.

Од Центарот за јавно здравје денеска информираа дека доколку продолжи овој тренд за лица заразени со голема кашлица, ќе имаме голем проблем.

Денеска уште еднаш апелираа во вакциналните пунктови да се јавуваат деца кои не се имунизирани против голема кашлица.

„Има носи случаи, вчера беа 10, денеска се 11 со дијагностицирана голема кашлица и таа бројка ќе оди нагоре, со оглед на ситуацијата со вакцинацијата.

Оваа болест е високо заразна и опасна по живот особено за лица односно доенчиња до 12 месечна возраст и може за жал да заврши фатално или да остави трајни последици“, изјави д-р Беким Зеќири, директор на Центарот за јавно здравје.

На удар се и децата во школска возраст. Апелот од докторите е родителите сериозно да ја сфатат состојбата со вакцинацијата.

Две недели се потреби по вакцинација за да се разбуди имуниот одоговор на организмот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде