На 05.02.2024 во 13.30 часот во Полициската станица Центар, Д.Џ.(38) од Скопје пријавил дека во напуштена куќа
на подрачје на Центар – Скопје го пронашол починат неговиот пријател Н.„Н.“ од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.