Најнова вест: Бројот на заразени расте, Комисијата за заразни болести со итна препорака!

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок прогласи епидемија на магарешка кашлица во Скопје. Алармот го вклучи 13-тиот потврден случај на пертусис во главниот град.

– “18 заразени со голема кашлица, овој број расте, па препорачуваме епидемија за град Скопје. Тоа треба да ни помогне во спречување на ризикот. Очекуваме да излезе упатство за постапување во ситуации на епидемии.

Клучните активности треба да се насочени на пополнување на промашените вакцини, за пертусис, не е вакцинацијата на задоволително ниво“ рече првиот човек на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.

Комисијата за заразни болести исто така препорача забрана за деца невакцинирани од пертусис во градинка и притоа посочија дека фокусот им е заштитата на најмалите и ги повикаа родителите да се придржуваат до распоредот за вакцинација, која започнува од вториот месец“

Во моментов има 13 случаи на магарешка кашлица односно пертусис и дека од нив, 8 се деца на училишна возраст од општина Аеродром, а има по еден случај во Сарај и во Чаир. Другите три случаи се во фаза на испитување.

Директорот на Центарот за јавно здравје Скопје Бесим Зекири ги повикува сите родители да ги вакцинираат децата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде