На 20-годишна возраст почина Иван Бусато, младиот хрватски шампион во пливање.
ФС на Сплитско-далматинската жупанија и Пливачката федерација на Хрватска објавија шокантни информации:
Одеднаш на 20-годишна возраст почина Иван Бусато, фудбалски судија на НСЖСД. Почивај во мир. Искрено сочувство до семејството – пишува во соопштението на фудбалскиот сојуз на Сплитско-Далматинската жупанија.
Иван имаше завидни резултати во пливачката кариера. Беше најдобар во Хрватска:
Со голема тага ја примивме веста за ненадејната смрт на дваесетгодишниот Иван Бусатo, актуелниот сениорски шампион на Хрватска на 1.500 метри.
Иван не беше само врвен спортист, туку и најдобар син, брат и пријател, исклучителна личност. Нашето искрено сочувство до неговото семејство, пријателите и колегите пливачи.
Неговата спортска страст нека живее во сеќавањата – соопштија од Хрватската пливачка федерација.