Убава вест за сите кои скенираат сметки: Проверете ги сметките, стигнаа парите од ДДВ

Денеска е убав ден за скенирачите на фискални сметки, се исплатеше трудот од собирање и скенирање.

Всушност, денеска на граѓаните им се исплатени парите од повратот на данок преку проектот Мој ДДВ.

Исплатата се однесува на илјадници граѓани кои скенирале сметки изминатиот период преку апликацијата Мој ДДВ, со што можеле да остварат поврат од платеното ДДВ.

Максималната сума која еден граѓанин кој скенира сметки може да ја добие за едно тримесечие, е 2.100 денари. 

Според податоците, сметки скенираат над половина милион македонски граѓани.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде