Важна информација за пензионерите: Тренчевска на средба со Сојузот на пензионери – еве за што е разговарано

Средбите со пензионерите на дополнителната заменичка министерка на министерството за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска продолжуваат.

Денес заедно со претходниот претседател на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски беа заедно на состанок со претставници на Сојузот на пензионери на Македонија.

На средбата се разговараше за досегашниот придонес на Сојузот кон креирањето на политики кои го подобруваат квалитетот на живот на највозрасните граѓани во државата.

Тренчевска на почетокот од своето обраќање до пензионерите зборуваше за едно од најважните прашања кои ги загрижува сите пензионери, а тоа е домувањето.

Таа се осврна и на социјалните услуги и посочи дека услугата помош и нега во домот е една од најатрактивните во моментот. Услуга која ја користат 1500 корисници.

Исто така таа зборуваше и за Центрите за активно стареење како уште една новина која придонесува до посреќни пензионерски денови.

На крај Тренчевска посочи дека континуирано се работи и активно на прашањето за минималната пензија, особено со фокус на одржување на стабилноста на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување затоа што како што таа истакна нејзин приоритет е секој пензионер пред сè да продолжи да ја добива пензијата на сметка навремено.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде