На 06.02.2024 во 15.10 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишиле од слобода четири лица, сите од Велес.
При претрес во домот на едно лице, извршен со наредба од Основен суд Велес, каде биле затекнати две лица., биле пронајдени и одземени хероин, кокаин, таблети и дигитална вага. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.02.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода лице од Битола. При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана спакувана за продажба и пари во различни апоени. На ул.„Дебарска” во Битола, полициски службеници лишиле од слобода и лице од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, која ја купил од М.И.. Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 06.02.2024 во 05.00 часот на наплатна станица Градско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност го лишиле од слобода Е.О.(58) од Република Турција. При контрола во автобус „мерцедес“ со турски национални ознаки, кој го управувал, во багажниот простор биле пронајдени 20 пакети и 28 кутии различни производи, кои подлежат на царинска контрола, а за кои не поседувал никаква документација. Пронајденото било одземено,а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.02.2024 во 08.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода лицето(44) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.02.2024 во 22.00 часот на улица „22 Декември“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода две лица, двајцата од Кавадарци. При преглед на патничко возило „сеат“ со кавадаречки регистарски ознаки, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и дигитална вага. Двајцата биле приведени во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.02.2024 во 09.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го привеле В.Д.(59) од Република Турција затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека го пречекорил дозволениот престој во државата. Тој бил предаден на полициски службеници од регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против две лица, двајцата од Струга со место на живеење во Австрија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 18.07.2023 во населба Езерски лозја, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, кое го управувал едното лице, а сопатник бил другото лице., при што кај првопријавениот бил пронајдени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.
СВР Тетово, поднесе кривична пријава против едно лице(66) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 11.01.2024 на регионалниот пат Тетово – с.Брвеница, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца за вршење на јавен превоз издадена од надлежен орган.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против лице(42) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и против друго лице(40) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“. На 23.07.2023, првопријавениот со лажно прикажување на факти го измамил второпријавениот и за сума од 1.104.000 денари му продал патничко возило, кое било барано од Интерпол Стокхолм – Шведска. Потоа, второпријавениот направил фалсификувана исправа, која ја употребил при плаќање на царинските обврски кон државата.