Доцна вечерва сообраќајна несреќа, се судрија автомобил и автобус

Сообраќајна несреќа се случи во Карпош 4, во близина на мостот „Обединети нации“ и ТЦ „Антико“, објави вечерва Скопје 1.

Се судрија автомобил и автобус кој во моментот на несреќата имал и патници.

Според првичните информации, кои ги објави Скопје 1, нема повредени лица.

Станува збор за полесна несреќа, кога автомобилот се приклучувал на булеварот „Партизански одреди“ и бочно удрил во автобусот.

Видливо е дека има материјална штета кај двете возила, на булеварот се распрскани делови од автомобилот, заедно со целиот преден браник.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

Извор Скопје 1

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде