Фејсбук пост на актерот Сашо Тасевски:
Гледајте го филмот Казино. Сте го гледале повеќето. За италијанската мафија како ги водела казината во Лас Вегас. За поткуп на сенатори, измами, проституција, убиства на конкурентите и противниците…
Што е поразлично во филмот од овде во лотаријата и автоматите за коцкање?
Само овде не се мафијози Италијани.
Други се.
И не мора никого да поткупуваат од власта зашто се власт.
Ќе купуваат нови автомати за 12 милиони евра.
А ваму зборат за закон за коцкарници, па треба Стево да го потпише, да се вовело ред. Па рипнаа овие од коцкарниците, ќе останеле 10.000 луѓе без работа од коцкарниците.
Зошто тогаш во фабрики не ги вработувате, ако ви се важни? Зошто државата место фабрики отвораше казина?
Па малку мелодрама, плачење, вриштење од менаџериве на коцкарниците… па колку им е тешко за вработените кои ќе останат без работа…
А што уништија илјадници луѓе со коцката не е важно?
А милионите што ги заработуваат газдите откако направија илјадници зависници од коцка со помош на државата, не ги спомнуваат. Истата држава што глуми чесна мома. Ќе ги затвора коцкарниците.
За децата им било, да не се коцкаат?
Мрш бе. Кажете треба некој да го преземе целиот бизнис
Па сега им текна ред пред избори да воведуваат…
Во држава водена според мафијашки принципи.
Од шверцери и прекупци.
А бе бегај.
Ова треба да се запали од корен да се остави пеплосано две децении и дури тогаш пак да почне нешто да се сади, кое еден ден ќе биде држава.