Тројца скопјани со закана со оружје извадиле 47-годишен маж од неговото возило го однеле во напуштена куќа, каде го присилиле да потпише договор за продажба на стан.
Според информациите од МВР, се работи за Н.Б.(53), Н.Х.(26) и Т.Љ.(21), сите од Скопје, против кои е поднесена кривична пријава за кривично дело „грабнување“.
„На 28.06.2023 во Скопје, пријавените со закана со огнено оружје и употреба на физичка сила го извадиле Џ.Б.(47) од неговото возило и го однеле во напуштена куќа каде го
присилиле да потпише договор за продажба на стан, со цел од парите од продажба да му врати долг од 5.000 евра на првопријавениот“ соопшти МВР.