Земјотрес утрово стресе делови од Македонија

Денеска, 08.02.2024, во 6 часот и 32 минути регистриран е земјотрес чиј епицентар се наоѓа 130 km југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија,

со Рихтерова локална магнитуда ML3.6, регистрира Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија,

одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци на опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југозападниот дел од Републиката и тоа во Охрид и Кичево со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Според првите информации, нема материјална штета.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде